За Нас

>> КВАЛИТЕТОТ Е ТОА ПО ШТО СЕ РАЗЛИКУВАМЕ ОД ДРУГИТЕ !

За компанијата

Пилана”МАРКИСТОе основана на 02 Август 1996 год. Примарна дејност на нашата пилана е производство на букови елементи наменети за извоз во земјите на Европска унија (Италија, Словенија, Германија, Шведска,Данска).

Производствениот капацитет е сместен на површина од 4000 м2 од кои 2000 м2 претставува покриен простор под хали и е сместен во с.Лескоец – Охрид, како и продажен плац со површина од 2000 м2 кој се наоѓа на излезот од Охрид кон Битола.

На пазарот во Република Македонија нашата пилана е застапена со парена и непарена, сушена и свежа режана граѓа од бука, градежна режана граѓа од ела/бор/бел бор(штици, греди, талпи, летви и штафни).

Исто така располагаме и со паркет од бука и орев и лајсни за паркет од бука, како и патос (бродски под). Паркетот е сушен во кондензациона сушара и е потполно термички третиран, со електронски контролиран процес на сушење.

        Располагаме и со висококалоричен буков пелет
 за кого поседуваме сертификат за екстра квалитетна класа на пелет. Пелетите се паковани во вреќи со тежина од 15 кг. со калорична вредност од 21 956 кј/кг и е наменет за индустриска и домaшна употреба.

Располагаме и со висококалоричен буков брикет за кого поседуваме сертификат за екстра квалитетна класа на брикет. Брикетот е пакован во вреќи со тежина од 10 кгсо калорична вредност од 18 156 кј/кг и е наменет за индустриска и домaшна употреба.

Пилана МАРКИСТО располага и со сопствена комора сушара и парилница за дрво, од каде се произведува материјал за столарија со влажност од 8-12% зависно потребите на купувачите.

Како последен производ во широкиот асортиман на производи е и производството на дрвени палети со димензии по желба на купувачите и стандардни 80x120 цм.

Основна цел на нашата компанија е да ги задржи постоечките пазари и производи, како и да освои нови пазари на кои ќе се понудат нови производи и ќе се задржи високиот квалитет на нашите производи, квалитетот е тоа по што се разликуваме од другите.